Училиштето Schiller сака да го обнови училишниот двор и сака да го интегрира целото училиште во одлуките за тоа каде и што да се изгради. Просторната алатка на ОПИН дава можност за користење на мапа за да се визуелизира областа на промени, и да се додадат предлози на мапата. Значи, новите идеи можат веднаш да бидат видливи, за да се подобри процесот на донесување одлуки!
Просторната алатка може да се користи во два различни вида на проекти:
просторно барање на нови идеи
Во просторните проекти за барање нови идеи, корисниците можат да креираат и да коментираат за идеите што се наоѓаат на мапа.
просторен предизвик на идеја.
Во просторните проекти за предизвик на идеја, корисниците можат да бидат активни во две фази:
1. Фаза: креирај и коментирај за идеи што се наоѓаат на мапа
2. Фаза: согласи се/не се согласувај со тие идеи и коментирај за да провериш што мислат другите, или да одлучиш која идеја ќе се спроведе во пракса.
Иницијаторот на проектот може да одлучи колку дена/недели ќе трае секоја фаза. Потоа, секој ќе може да ја провери листата со сите објавени идеи и да види колку корисници гласале за или против секој коментар.