Еколошката младинска организација сака да напише нов позициски документ во врска со последиците од климатските промени и сака да ги вклучи сите членови на организацијата во процесот на пишување. ОПИН нуди можност заедно да пишувате и да дискутирате сложени текстови, за да се засили и подобри составот, и да се зголеми транспарентноста.
Во видовите на проектите за преглед на текст постојат две фази во кои корисниците можат да бидат активни, во зависност од нивната улога на корисници:
Фаза 1: иницијаторот и назначените модератори можат да го креираат текстот заедно со додавање на пасуси.
Фаза 2: Сите корисници можат да коментираат за единечните пасуси или за целиот текст, и да се согласат/да не се согласат со различните коментари.
Иницијаторот на проектот може да одлучи колку дена/недели ќе трае секоја фаза. Потоа, секој ќе може да ја провери листата со сите објавени идеи и да види колку корисници гласале за или против секој коментар.