avslutad

Покриен базен во Општина Прилеп

Според направените презентации и работилници во средните општински училишта во Прилеп, заклучивме дека во Прилеп е потребен Покриен базен каде младите ќе можат рекреативно и забавно да го поминуваат …

Tidslinje

info

Целта на проектот е да покрениме иницијатива за да се отвори Покриен базен во општина Прилеп, каде младите цела година ќе можат рекреативно и забавно да го поминуваат слободното време преку цела година.Според направените презентации и работилници во средните општински училишта во Прилеп, заклучивме дека во прилеп е потребен Покриен базен , затоа Ве покануваме да учествувате да коментирате, да дадете идеја за локација, да лајкувате и да учествувате. 

Tack för ditt deltagande!

Det här projektet är redan avslutat. Stort tack till alla deltagare i projektet!

Лајкувајте за Затворен базен

Со вашите лајкови на објавите и на коментарите на оваа иницијатива ќе придонесете оваа проект идеја да биде доставена како најуспешна до Локална самоуправа Прилеп.

Од направените едукативни работилници во средните општински училишта во Прилеп во рамките на проектот, главно барање на младите од Прилеп беше потребата од покриен базен каде младите ќе можат рекреативно и забавно да го поминуваат своето слободно време преку целата година. Во Прилеп во летниот период има неколку базени кои се отворени за сите млади и граѓани, но тоа е многу краток период за децата и младите кои сакаат професионално да се занимаваат со пливање. 

Со отворањето на покриен базен ќе се формираат пливачки клубови каде би членувале деца и млади, надежни пливачи кои би постигнувале добри резултати на државни и меѓународни натпревари. Со тоа ќе се зголеми спортскиот дух на младите и идните генерации во Прилеп.

Покриениот базен во градот треба да добие локација надвор од централното градско подрачје или со локација на местото од спортската сала Македонија (во близина на паркот Могила).

Прилеп  како град би ги добил своите придобивки преку реализација на овој проект, низ поголема афирмација на проектот, барање на спонзорства, како и организација на државни и меѓународни натпревари.


andra projekt från denna organisation