Info
Грижата за средината во која живееме треба да биде еден од главните приоритети кога се работи на подобрување на животот. Не само за младите, туку и за целата заедница. На фокус групата со млади која се одржа онлајн, тие искажаа дека само со реализација на поголем број на еколошки акции кои би вклучиле млади би можело да дојде до степен на зголемување на свеста кај младите, па и кај останатите граѓани на општината за заштита и грижа на животната средина.
Она што младите го предложија е редовно да се одржуваат еко-акции во Прилеп и околината, да се наместат знаци за да не се фрлаат отпадоци, контејнери и корпи за отпадоци на оние места каде што нема поставено.
Младите предложија да се забрза и со изградбата на гасоводот во градот, се со цел да се намали загадувањето на воздухот.
Kontakt for spørgsmål
Мариче Тренеска
E-mail Internet side