Регрутирај ги младите учесници

Без учесници, нема постои проект на учество. Регрутирањето е често една од задачите кои одземаат најмногу време во проект на учество – и нема индиции дека регрутирање за онлајн активности на учество одзема помалку време од регрутирање за офлајн активности. Дизајнирањето на извонреден проект не е секогаш потполно доволно.

 

Првото нешто кое што треба да го направиш е да спремиш стратегија за регрутирање. Веќе си ги идентифицирал младите луѓе коишто сакаш да ги поканиш да учествуваат во проектот. Во квадратот подолу вклучивме избор на методи кои се често користени во процеси на учество. Погледни ги и избери ги оние кои се соодветни за твојот проект и твојата држава.

 

Предлози како за онлајн така и за офлајн методи на регрутирање

Регрутирај лично

Иако делови од твојот проект се случуваат на интернет, искуството укажува дека најдобар начин да регрутираш млади и да им ја подигнеш свеста и да ги заинтересираш за проект е лично. Еден начин да го направиш ова е да ги сретнеш и да го презентираш проектот на младите на она место каде што тие веќе се наоѓаат: на пр. во училишта и младински и спортски клубови. Ако имаш млади амбасадори може да биде корисно да ги вклучиш во овие посети, особено ако и ти не си младо коковче. На исто ниво, младите амбасадори можат да ја застапуваат важноста на гласот на младите луѓе и затоа да се приклучат на проектот. Друга опција е да ги замолиш твоите жиранти, кои ја имаат моќта на донесувањето одлуки, да ти се приклучат. Ова ќе испрати порака на младите учесници дека они кои ги донесуваат одлуките се искрено заинтересирани да ги слушнат нивните мислења.

Користи пристап врсник-до-врсник

Оваа метода  е слична со методата ''снежна топка'' која функционира вака: Младите амбасадори покануваат други млади луѓе од нивната мрежа да учествуваат, кои потоа регрутираат млади луѓе од нивната мрежа и така натаму.

Испрати писма со покани

Во контекст со еУчество можеби звучи како старовремена метода. Меѓутоа, добивањето на покана со твоето име на истата во твоето поштенско сандаче често го прави приемникот да се чувствува посебен и да ја свати поканат посериозно. Се разбира дека може да испратиш и e-mail, но поканата лесно може да се занемари поради веќе преполно влезно сандаче. За да си во можност да ја намениш оваа метода се разбира дека треба да имаш запис со адресите. Повторно, имањето на пристап до и користењето на овој вид на запис е многу специфично по земја:  во некои земји, можеш да ги добиеш овие адреси преку бирото за пријавување на граѓани. Друга опција е да се купат адресите од компанија за истражување на пазарот.

Регрутирај преку телефон

Оваа метода е слична со горенаведената. Наместо испраќање на покана им се јавуваш на младите.

СоМр и интернет страна

Можеш да поканиш млади луѓе да учествуваат во твојот проект преку реклами на интернет и отворени покани. Твоите млади амбасадори исто можат да играат важна улога во ова со тоа што се најверојатно членови на  facebook групи и слично каде што можат да ги споделуваат рекламите на проектот. Погледни го советот Компонирај комуникациска стратегија која исто така ќе е јавно видлива!   

 

Ако твојот проект тече веќе неколку месеци, регрутирањето не е активност која се извршува еднаш. Може да биде нешто кое тече континуирано. Меѓутоа, треба да се одлучиш дали е потребно да ги задржиш истите луѓе во текот на целиот процес, што не мора задолжително да биде така.

Ако за легитимноста на твојот проект е важно учесниците да формираат разновидна и репрезентативна група на млади луѓе, тогаш мора да собираш демографски податоци. Меѓутоа, ова собирање на податоци не може да биде извршено на платформата на OPIN поради тоа што бара многу мал број на податоци кога се регистрираш. Така да, почни да ги читаш советите од  Заштита на приватност и податоци: OPIN е безбедно место! Дали треба да целите кон диверзитет (мешавина на мислења и искуства) или репрезантираност (стаатистички примерок на популација)  многу зависи од тоа каде се наоѓате во вашиот процес. Ако сте во почетната фаза и гласате, да речеме, за различни опции на полиси, тогаш треба да целите кон репрезентативност. Во секој случај, методата за избирање на учесници е истата.

Собирањето на демографските податоци треба да се изврши кога младите се зачленуваат во процесот. Кога крајниот рок за зачленување е одминат, треба да ги прегледате сите регистрирања и да составите група која ја рефлектира демографската дистрибуција во контекст со вашиот проект (на пр. училишен округ, град или регион). Да се осигураш дека само одбраните млади луѓе ќе учествуваат во онлајн активностите можеш да поставиш приватен процес на OPIN. Научи повеќе за ова во Корисничкото Упатство на OPIN![1]

 

Пример: Социо-демографски критериуми

·       Пол

·       Возрасна група  (н.пр. 15-20; 21-25; и 26-30) 

·       Географска зона

·       Степен на образование

·       Занимање (н.пр. ако процесот вклучив млади луѓе кои го завршиле нивното образование)

·       Друг контекст или критериум спрецифичен за проектот

 

 

Друг начин да регрутираш диверзна група на млади луѓе е да соработуваш со локалните училишта, спортски клубови или слично. Ова исто така е начин да достигнеш до млади луѓе кои обично не учествуваат во овој вид на активности.



[1] https://opin.me/en/help/user-manual/