Креирајте проекти


Како можам да креирам проект?


Ако сакате да креирате проект на ОПИН, можете лесно да го направите тоа во само неколку чекори! Едноставно прочитајте ги чекорите подолу:

1. Кликнете на

arrowmini

веднаш до Вашето корисничко име во горниот десен агол и изберете го името на Вашата организација во паѓачкото мени.

2. Изберете го јазичето

projects

Проекти во менито на левата страна.

3. Кликнете креирај проект на врвот на страницата.

4. Изберете шаблон кој одговара на Вашиот процес на учество и кликнете на искористи го овој шаблон. Ако не сте сигурни кој шаблон да го користите, проверете ја нашата алатка за поддршка на одлуката, која ќе Ве води низ некои прашања, завршувајќи со препорака на шаблон. Можете исто така да ги проверите видовите на проекти и алатките на проектите за да добиете преглед за сите видови на шаблони понудени на ОПИН.

5. Ќе се појави формулар којшто ќе бара основни информации за Вашиот проект (на пр. наслов, краток опис, слика итн.). Пополнете ги празните места и кликнете на креирај проект.

6. Таблата каде што можете да ги уредувате и да управувате со Вашите проекти се појавува сега. Во горниот десен агол может да видите круг кој покажува колку проценти од содржината сè уште недостасуваат пред да го објавите Вашиот проект.

7. Јазичиња за управување со проекти: На левата страна ќе ги најдете сите јазичиња за управување со проекти. За да го завршите креирањето на Вашиот проект, треба барем да кликнете на јазичињата што се обележани со црвено ! и да ги пополните потребните информации. Можете исто така да ги пополните сите други јазичиња.

7.1 Јазичето за основни поставки, кое е сега отворено, ги содржи информациите што претходно ги пополнивте во формуларот, плус можноста да одберете дали Вашиот проект треба да биде достапен за сите регистрирани корисници на ОПИН (јавен) или само за поканети корисници (приватен). Кликнете на зачувај.

7.2 Јазиче за информации: Тука се бара да дадете опис на проектот и неговата цел. Потоа кликнете на зачувај.

Оваа информација ќе биде прикажана во јазичето за информации на проектот за Вашите учесници.

7.3 Јазиче за резултати: запишете го очекуваниот резултат на проектот и додадете резиме на резултатите откако проектот ќе заврши. Кликнете на зачувај.

7.4 Јазиче за офлајн настани: додадете офлајн настани на Вашиот проект за учество. Кликнете на додај настан, пополнете го насловот, описот и датумот на Вашите настани и кликнете на зачувај. Офлајн настанот ќе биде додаден на Вашиот времеплов.

7.5 Јазиче за модератори: поканете ги модераторите на Вашиот проект преку и-меил адреса. Кликнете на додај за да ги испратите Вашите покани.

Јазиче за корисник (само за приватни проекти): поканете ги корисниците на Вашиот проект преку и-меил адреса. Кликнете на додај за да ги испратите Вашите покани.

7.6 Јазиче за фаза: Пополнете го името на фазите за учество и одберете кога секоја фаза треба да почне и да заврши. Кликнете на зачувај.

7.7 Јазиче за категорија: Кликнете на додај категорија за да додадете категории во Вашиот проект за да ја структурирате содржината. Корисниците може да го назначат својот пост до категориите што ги креиравте. Кликнете на зачувај.

7.8 Јазиче за преземање: Кликнете на јазичето за преземање за да ги преземете Вашите резултати како csv или excel датотека.

8. Сега Вашиот проект е готов за да биде објавен. На вашата десна страна кругот треба да биде комплетно завршен и копчето за објавување е сега активирано. Кликнете на активирај за да го објавите Вашиот проект.

9. Кликнете на види за да го видите Вашиот проект.