Често поставувани прашања

Содржина

Е-учество е онлајн алатка за донесување одлуки. Дигиталното и мобилно учество им овозможува на граѓаните да учествуваат во поефикасно одлучување, независно од времето и местото. Младите луѓе сакаат да ги изразат своите идеи и мислења, и повеќето од нив користат технологија за да комуницираат. Активното учество на младите може ефективно да се овозможи преку комбинација на онлајн алатки и офлајн активности. Доколку би сакале да ги споделите вашите идеи и да се приклучите на заедницата за Е-учество во која се вклучени професионалци и експерти, може тоа да го направите на групата на Фејсбук "eparticipation" која е создадена за вас: https://www.facebook.com/groups/eparticipation/

OPIN (ОПИН) e Европска електронска алатка (веб страна) за младинско учество, достапна за јавните администрации и младинските организации без разлика од големината или нивото на знаење за поставување на процеси за учество. Секој кој е заинтересиран може да биде иницијатор да започне негов процес за учество на ОПИН е-алатката. Преку користењето на OPIN, локалните самоуправи, надлежните власти, младинските организации, едукативни институции, младински клубови и други слични институтиции, имаат можност да ги вклучат младите луѓе активно во онлајн процесот на донесување на одлуки. OPIN е се-во-едно електронска и мобилна алатка, вградена во нашата веб страна. OPIN спроведува проекти за учество преку дигитална технологија. Сите чекори во процесот на учество се транспарентни и поддржани од софтверот на OPIN.

  • Карактеристики на дигитално и мобилно учество
  • Лесно за вклучување во процеси на учество на вашата веб страна
  • Интеграција и офлајн настани
  • Мултимедијални информации за вашиот проект, OPIN софтвер и  поддршката се базира на Adhocracy и Flashpoll софтверите.

ОПИН е резултат на проектот за истражувања и иновации „ЕUth -  Алатки и совети за мобилно и дигитално младинско учество насекаде во Европа“. Овој проект е имплементран од 11 партнери во 8 европски држави во различни сектори.

EUth е финансиран од програмата за истражување и иновации на ЕУ "HORIZON2020". Целта на EUth е да има повеќе млади луѓе вклучени во политички одлуки и да се зголеми нивната доверба во европските политички институции. EUth и нејзините партнери развија пријателска - младинска алатка за дигитално и мобилно учество на која може да се постават атрактивни проекти со е-учество за да се постигне оваа цел. OPIN е создадена како решение за овие цели. Прочитајте повеќе за www.euth.net или на нашата  веб страница. Бидете информирани за актуелните случувања кои следат за EUthна Фејсбук и Твитер.

Во мометов ОПИН нуди 3 процеси за учество „Собирање на идеи“ „Разгледување на текст“ и „Анкетирање“.

За вашиот проект, можете да изберете една или повеќе од овие процеси и да поканите учесници за да учествуваат. Учесниците кои ќе  се приклучат на онлајн дискусиите, ќе можат да коментираат, да даваат предлози и да гласаат за одредени теми или отворени текстови. Резултатите од дискусиите и гласањето транспарентно ќе бидат прикажани на алтаката (веб страната).

Како иницијатор, ќе имаате можност да ја преземете улогата на модератор, која ви овозможува да управувате со вашата заедница, да испраќате пораки до вашите членови, да коментирате за нивните предлози и да го дефинирате статусот на предлозите (прифатен, се одбива, дискусија, итн.) Кога процесот е комплетиран може да се затвори од предлагачот.

Ако сакате да почнете нов процес на учество со OPIN во 2016 или 2017 година, ве молиме контактирајте не на info@opin.me. Ние ќе бидеме достапни да ви помогнеме. Ако сакате да се приклучите на веќе постоечките процеси за учество, вие треба да бидете поканети преку автоматски email од вашата организација. Следете ги инструкциите во оваа покана на email. По пристапувањето во OPIN, ќе влезете во процес на учество со вашата организација. Тогаш ќе имате шанса да ги изразите своите мислења, да гласате и коментирате на други идеи.

OPIN ви овозможува да поканите нови членови во вашиот процес на учество на платформата. Се разбира, тоа мора да е во согласност со правилата за заштита на податоците и приватноста. Ве молиме да проверите дали овие правила се применуваат за вашата организација или во вашата општина. Корисникот треба да ги следи следните чекори:

  • Изготвување на Excel датотека со основни податоци за учесниците (вклучувајќи кориснички имиња, email адреси и кориснички улоги во процесот на учество)
  • Текстот за покана што треба автоматски да се испрати е стандардизиран
  • Двете треба да се испратат до opin@liqd.de најмалку 2 недели пред да сакате да се започне процесот на вашето учество.

Организациите кои се корисници ќе добијат Excel датотека како и текстуална покана. Покрај тоа, ќе се обезбеди објаснување. Кога се врши внесување на корисник, OPIN корисничката сметка автоматски го генерира секој учесник на Excel листата. Автоматска email покана од веб страната на OPIN се испраќа на email адресата на учесникот. Овој email содржи текстуална покана врз основа на дефиницијата, како и линк до вашиот проект и претходно генерирана лозинка. Откако корисникот ќе кликне на овој линк, нивната корисничка сметка е активирана и од нив се бара да ја сменат лозинката веднаш. Ве молиме имајте во предвид дека внесување на  корисници може да се применува само за "собирање на идеи" и "коментирање на текст".

OPIN е развиена како дел од истражувачкиот проект "Euth - Алатки и совети за Мобилно и дигитално учество на младите во и низ цела Европа", каде се обезбедуваат анонимизирани кориснички имиња за сите учесници на возраст под 18 години. Ве молиме бидете сигурни дека корисничките имиња на учесниците на ексел датотеката се анонимизирани во случај да се направи промена.

OPIN нуди три основни процеси за Е-учество: "собирање на идеи", "коментирање на текст" и "анкета од мобилен". Овие процеси се реализираат преку две софтверски алатки: Adhocracy софтвер, кој го обезбедува OPIN со веб-базирана функционалност за онлајн идеја и коментирање на текст, и мобилна апликација FlashPoll која овозможува анкетирање преку мобилен телефон.

"Собирање на идеи" е од голема корист за консултирање на младите за одредена тема или извршување на општ процес на утврдување на агендата. Функционалноста на OPIN процесите им овозможува на младите луѓе да тргнат напред и да развиваат предлози, коментари на постоечките идеи и да гласаат.

"Коментирање на текст" е особено корисно за младинските организации, младински совети или јавните администрации кои често развиваат документи, изјави или програми за работа со млади и сакаат да бидат во можност да го сторат тоа со помош на дигитални алатки. Овој процес им овозможува на иницијаторите да постават нацрт-текст, параграф по параграф на платформата.  Потоа може да ги повикаат младите да коментираат за секој став и да гласаат според најдобрите коментари.

"Анкета преку мобилен" овозможува брз начин за вклучување на младите во процесите базирани на одредена локација. FlashPoll е бесплатна мобилна апликација, која може да се симне од продавницата во App и од Play Store. Таа им овозможува на носителите на одлуки да  создадат професионални гео-локализирани истражувања и да се промовира меѓу локалните млади во одредени моменти и места, така што тие можат да одговорат на анкетата директно преку нивните мобилни телефони.

OPIN во моментов е достапен на англиски, дански, француски, словенечки, германски, шведски, италијански јазик и македонски јазик. Сепак, како вистинска европска платформа имаме за цел да ја преминеме јазичната бариера и да го обезбедиме OPIN на што е можно повеќе јазици. Ако би сакале да ја користите OPIN алатката во вашиот мајчин јазик, може да ни помогнете. Ве молиме контактирајте за превод на translation@opin.me /opin@liqd.de за да дознаете повеќе за процесот на учество на заедницата со превод на софтверот.

Безбедноста на личните податоци на нашите корисници е многу важно за нас. Можете да бидете сигурни дека ќе ги чуваме вашите податоци со грижа и сензибилитет, со цел да се обезбеди висок стандард на безбедност. OPIN е хостиран на Европски сервери каде што се применуваат европските закони за заштита на податоците. Секоја OPIN корисничка сметка е врзана за потврдена email адреса. Секоја корисничка сметка се поставува со лозинка.

За регистрација ги бараме следните податоци: email адреса, лозинка (лозинката никогаш не се покажува во чист текст), како и корисничкото име. Ние експлицитно бараме при изборот на корисничко име да се користи псевдоним, па трети лица и поединците нема да можат да го утврдат вашето вистинско име од оваа информација. За повеќе информации во врска со приватноста, приватност за малолетници и други теми, ве молиме прочитајте повеќе на: Политика за приватност и услови за користење.

OPIN ќе се развива во три фази, ова ни овозможува да се обезбеди принципот на учество базиран на дизајнот. Ние сериозно ги земаме повратните информации од корисниците за секоја од фазите. OPIN беше лансиран во 2016 година; финалната верзија се очекува на крајот на 2017 година. Доколку би сакале да го следите развојот постојат неколку опции:

  • Нашиот блог и вести на www.euth.net
  • facebook.com/euth.net
  • Twitter @euthnet