Прибирање на идеи од младите за игралиште

BP_Header_Slov.jpg

Прибирање на идеи од младите за игралиште користејќи го модулот „бура на идеи“ преку ОПИН

Планирано е да се отвори нов рекреативен центар во општина Литија. Главната цел е да се направи велосипедска патека. Покрај тоа, дополнителни понуди и интересни активности ќе бидат вклучени во планот за парк. Поради тоа што игралиштето ќе биде наменето за млади, значајно беше тие да бидат прашани за нивните идеи, желби и потреби. Во спротивно, паркот нема да може да ги задоволи нивните потреби.


Главниот предизвик беше тоа што младите луѓе не знаеја за можностите за учество.


Платформата ОПИН им овозможи на младите луѓе да ги споделат своите мислења преку интернет, но од друга страна и овозможи на општината да се вклучи и да има поблизок контакт со младите луѓе. Со цел да се соберат повеќе идеи од младите луѓе, локалната младинска организација Центар за развој на срцето на Словенија (Development Centre of the Heart of Slovenia) ја користеше алатката нa ОПИН - бура на идеи. Учесниците имаа можност да креираат предлози, но исто така да коментираат на предлозите од другите учесници, па дури и можеа да притиснат на копчето „ми се допаѓа“. Во Литија, процесот на учество траеше од мај до средината на јуни и резултираше со собирање на 25 значајни предлози кои сега ќе можат да се интегрираат во подеталното планирање на рекреативниот парк. Па, како се создадени овие резултати? Центарот за развој на срцето на Словенија се насочи кон локалното средно училиште за поддршка.

Возбудлива придобивка на проектот беше вклучувањето на млади од локалната гимназија во развојот на нивната локална средина и давањеѕо на помош за да станат активни граѓани.Наставниците по социологија и физичко образование беа замолени да го претстават проектот за учество нa нивните часови и да ги поканат учениците да учествуваат. Центарот за развој на срцето на Словенија организираше презентации кои беа посветени за запознавање со ОПИН платформата, даде краток вовед за тоа како се користи платформата ОПИН и како функционира. Ова исто така беше можност да се вклучат учениците и самите да креираат сметки на ОПИН. Потоа учениците размислуваа за нивните желби и потреби и ги објавија своите предлози на платформата ОПИН. Тие беа во можност да ги користат своите мобилни телефони при користење на платформата и можеа да ги видат веќе постоечките идеи од други млади и да ги интегрираат во нивните дискусии. На овој начин, учествотото може да се прошири на различни часови во училиштето и да опфати што е можно повеќе млади. Во втората фаза која ќе трае до септември, општината ќе даде повратни информации за собраните идеи и колку тие би биле изводливи да се реализираат. Младите ќе бидат поканети да дадат дополнителен придонес и да гласаат за најдобрите идеи што се собрани досега, користејќи ја алатката за собирање идеи на ОПИН. Оваа алатка им овозможува на учесниците да гласаат за предложените идеи. Младите можат демократски да ги изберат своите омилени предлози и да им дадат приоритет на одредени идеи. Конечните резултати ќе и бидат предадени на општината, која потоа ќе и претстави на јавноста како ги постигнале резултатите и ќе ја објаснат својата одлука. Една важна компонента за успехот е силната врска помеѓу општината и гимназијата. Центарот за развој на срцето на Словенија презеде посредничка улога, ги поддржа сите учесници и обезбеди експертиза за е -учество, а исто така и за платформата ОПИН. Во првата фаза, придобивките од е -учество, OPIN и неговите алатки беа презентирани на општината со цел да се покажат придобивките кои ги нуди платформата. Преку мотивираните наставници и можноста да го претстават проектот за електронско младинско учество директно на час, опфатени беа голем број на млади и нивните прашања имаа можност да бидат одговорени веднаш. Достапноста на сите препораки онлајн на платформата ОПИН овозможува поголема транспарентност, ангажирање на младите луѓе и примена на резултатите. Пред проектот, имаше мала соработка помеѓу општината и гимназијата во Литија, но овој проект за е -учествоги ги постави темелите за идно учество на младите за локален развој.

BP_Gallery_5_SLov_lan.jpg
BP_Gallery_3_Slov_lang.jpg
BP_Gallery_4_Slov_lang.jpg

Инспирирајте се од Срцето на Словенија

Development Centre of the Heart of Slovenia ги води, координира и поврзува проектите за развој во регионот од 2000 година. Тимот, во соработка со бројни локални, регионални, национални и европски партнери, реализира проекти за подобрување на квалитетот на животот на луѓето во регионот.

Листа на амбасадори

Anita.jpg