Info
Спортското качување е релативно нова дисциплина кај нас која е многу популарна во светот поради исклучително вредните спортски содржини и можностите што ги нуди. Вештачите карпи се најчесто метални конструкции врз кои се инсталирани ПВЦ или дрвени табли, на кои има поставено навои за монтирање на фаќалишта. Вештачките карпи уживаат голема популарност во качувачкиот свет поради нивната функционалност како тренинг и натпреварувачки центри и како и едноставната прилагодливост и можност за поставување на креативни насоки. Насоките на вештачка карпа се направени со помош на фаќалишта и газилишта во разни форми и големини, а при качување качувачот се обезбедува на поставените карабинери. Насоките на вештачка карпа ги поставуваат обучени и искусни поставувачи (рут сетери). Официјалните натпревари во спортското качување, тренинг програмите како и масовната комерцијализација на овој спорт се одвиваат исклучиво на вештачки карпи.
Поставувањето на вештачка карпа е одлична можност за развивање на алтернативните спортови во Прилеп, како и можност плус за младите генерации да се насочат на правилен раст и развој преку спортските активности, и да се посветат на здрав живот со натпреварувачки дух.
Kontakt for spørgsmål
Мариче Тренеска
E-mail Internet side