Означи ги твоите млади учесници

Во оваа фаза од проектот треба да размислиш за тоа кој точно ќе бидат твои учесници. За да ја донесеш оваа одлука треба следново да го имаш на ум:

·       Кој има – директно или индиректно – учество во одлуките кои ќе се донесат?

·       Кој ќе биде – директно или индиректно – погоден од донесените одлуки?

 

Друго важно прашање кое треба да се разгледа е дали групата од млади учесници ќе бидат претставници на сите млади луѓе во, да речеме, твојата општина. Имајќи репрезентативно балансирана група од млади луѓе кои ќе учествуваат во твојот проект ќе ги направи резултатите политички легитимни. Во повеќето случаи, тие кои ги носат одлуките повеќе ќе ги вреднуваат резултатите ако се во можност да кажат дека тие ги претставуваат и гласовите на младите луѓе во нивната општина. Репрезентативноста е многу важен дел од демократијата. Како и да е, целејќи кон репрезентативност си има и свои барања во процесот на регрутирање. Повеќе за ова подоцна![1]

Понатаму, сакаш да ги почитуваш младите во тоа што заедно го работите. Затоа, треба да имаш јасна слика кои ќе бидат учесниците. Колку подобро ги познаваш твоите учесници, толку полесно ќе ти биде да подготвиш и имплементираш  проект кој реално им одговара и на нив. Можеби звучи многу директно, но искуствата покажуваат дека иницијаторите на проекти со младински учества понекогаш забораваат дека младите луѓе не се хомогена група. Не, има многу различни млади луѓе, и затоа потребни се разни пристапи за да им се задржи вниманието. Едноставно кажано, 15 годишниците имаат различни интереси од младите во доцните дваесети. Да заклучиме, потребни се различни пристапи за да успееш во твојата иницијатива!



[1] Погледни го насловот Регрутирање на млади учесници