Објасни ги процесите на твојот проект од А до Ш

Досега веќе би требало да имаш јасна идеја за целта на твојот проект, исходот што сакаш да го постигнеш со него и пристапниот буџет. Ова значи дека си подготвен да направиш приближно скецирање на процесот од А до Ш кој секако треба да го прилагодиш на процесот на одлуки.

Краток опис на проектот од 2 – 3 страни е добар почеток. Во овој опис можеш да го вклучиш следново:

·       Информации за потеклото на проектот

·       Идејата на проектот и неговите цели

·       Методата

·       Буџетот

·       Временската рамка

Во временската рамка треба да ги наброиш активностите кои треба да ги спроведеш до крајот – очи-во-очи, како и онлајн активностите – и кога ќе се случат. Во оваа фаза, веќе ќе ти биде корисно да се консултираш со OPIN  алатка за подршка на одлуки[1], за да добиеш идеја за онлајн процесни шеми и карактеристики кои ги нуди OPIN. За инспиративни – очи-во-очи – методи ти препорачуваме да се консултираш со Каталогот за Акција Вклучување2020, кој е интерактивен методски каталог за јавно учество.[2] Во Подготвителната фаза ќе обезбедиме повеќе совети и трикови за формирање соодветни процеси за учество, па не е потребно да ги објаснуваш методите во оваа фаза.

Кога ќе го разложуваш процесот, внимавај на буџетот! Нема поента во планирање процес кој е временски долготраен и скап ако твојот буџет е многу ограничен. Времето е пари. Затоа многу е корисно ако го разложиш буџетот и ги распределиш средствата за разните активности. Тогаш ќе знаеш колку работни часови можеш да потрошиш во планирање, да речеме на, стартување на проектот. Таков детален преглед ќе ги намали ризиците од пречекорување на буџетот.

Ова е само твојот почетен нацрт на проектот. Сеуште треба да бидеш подготвен да го изменуваш (и запомни да го обновуваш соодветно!) бидејќи сега е време да се сретнеш со учесниците и подржувачите со луѓето кои имаат моќ да одлучуваат и да ги прашаш за повратни информации од првичниот нацрт на проектот.



[1] За да добиеш пристап до Алатката за Подршка при Одлуки треба да ја регистрираш твојата организација во OPIN. За да ги разгледаш многуте карактеристики и да добиеш информации за како да се зачлениш види овде: https://opin.me/en/start-your-project/ 

[2] Каталогот за Акцискиот План Вклучување2020 е достапно овде: www.actioncatalogue.eu