Пишувањето национална младинска стратегија е сложен процес што се одвива во постојната политичка рамка. Прашањето е како може да се отвори комплексен и, понекогаш, спорен политички процес како овој за младите директно да учествуваат во креирањето на акцискиот план? Прв чекор беше да се разбере објективноста на Националната младинска стратегија и како истата е изготвена. Во случајот со Националната младинската стратегија на Малта, треба да се земат во предвид три работи: Документот за младинска политика веќе беше добро развиен во 2020 година и сеопфатен во однос на неговите стратешки цели. Во тој период не беше возможно да се направат значителни промени во процесот. Како и да е, стратегијата немаше конкретни предлози за активности. Оттука, имаше мал простор за учество на младите во однос на стратешките цели, но имаше и реална потреба од идеи за спроведување кои ќе дадат младите.
Нацрт документот беше повеќе од 50 страни, што претставуваше предизвик за младинско учество, затоа што документот е голем и младите потешко ќе се заинтересираат да го прочитаат.
Како Agenzija Zghazagh успеа да собере 150 прегледи и конкретни предлози за активности за Националната младинска стратегија?
Клучот беше двоен комплементарен пристап:
Agenzija Zghazagh организираше три фокус групи со физичко присуство со помош на постојните контакти од училиштата и младинските организации со цел да соберат идеи за конкретни акции и да ја рашират информацијата за спроведувањето на проектот. Модулот „проверка на текст“ од ОПИН овозможи преку онлајн учество да се даваат коментари за стратегијата и да се додадат идеи за активности. Преку модулот „проверка на текст“ долгите текстови може да се поделат на помали за да може полесно да се сфатат. На секој дел од текстот имаше можност и опција да се коментира и дискутира. Со ова, полесно е младите да се согласат за одредена содржина и да не „бегаат“ од темата која е во содржината. Agenzija Zghazagh создаде проекти кои беа посветени на секоја стратешка цел. Проектите почнуваа следствено еден по друг за да се задржи фокусот на една стратешка цел во одреден период. Како резултат на учеството, националната младинска стратегија и акцискиот план јасно ги одразуваа потребите и интересите на младите, затоа што самите млади беа директно вклучени во прибирање на идеи за тоа како да се спроведат предложените идеи и акции. Пристапувајќи им на младите преку фокус групи, социјални медиуми и директни средби беше основата за онлајн учество.
Резултатите од проектот беа лично претставени на министерката за инклузија и социјална благосостојба на Малта, Julia Farrugia Portelli:
„За време на процесот на јавна консултација, младите доставија над 150 предлози за младинската политика. Следно што треба да се направи е да се вметнат овие идеи во крајниот документ за младинска политика. Ние сме обврзани да продолжиме да ги промовираме идеите на младите“.
Како и да е, работата само што започна. Политиките треба да се спроведат. Младите може да учествуваат во овој дел од процесот преку понудени консултации на секои три месеци.
Aġenzija Żgħażagħ им обезбедува на младите простор и време да се дружат, да учат на нови начини и можности да ги развијат своите таленти преку регионалните младински услуги и нивната обемна програма за зајакнување во Малта.
Нашите амбасадори