avslutad

Младински културен центар

Отворање на Младински културен центар кој ќе биде наменет за активности во кои ќе се вклучат младите во Прилеп, со тоа што ќе им се овозможат простории за културни настани и простории за млади каде ш…

Tidslinje

info

Oтворање на Младински културен центар кој ќе биде наменет за активности во кои ќе можат да се вклучат младите во Прилеп, со тоа што ќе им се овозможат простории за културни настани (концерти, ликовни галерии, драмски секции, филмски проекции, кафе – бар, едукативни работилници од неформално образование и семинари и простории за млади каде што младите од Прилеп ќе имаат можност да волонтираат и да се дружат. Прилеп има голем број на талентирани и активни млади од различни области кои немаат можност и поддршка за промоција и развој. За таа цел, младите од општина Прилеп имаат потреба од отворање на Младински културен центар, простор каде што ќе можат квалитетно да го поминуваат слободното време, да разменуваат идеи, да се надоградуваат, да посетуваат работилници на теми кои ќе бидат корисни за нив, слободно да се изразуваат, а со тоа и да се поткрене свеста кај младите за да се направи нешто поразлично. Главна цел на Младинскиот културен центар ќе биде промоција и развој на културните вредности во Прилеп, но и место за дружење, размена на идеи и вредности, место за слободно изразување на младите кои сакаат да бидат вклучесни во такви активности. Младинскиот културен центар ќе биде место каде што ќе се реализираат културни настани и активности од различни домашни и меѓународни иницијатори/креатори, како и создавањето на врски меѓу нив и надминување на културната бариера. Младинскиот центар би имал своја развиена програма која ќе вклучува голем број на активности за млади како што се: изложби, театарски претстави, филмски проекции, ликовни изложби, танц-друштва, концерти, промоции, работилници и ќе работи како сервис на невладините организации, Општината и индивидуални уметници во Прилеп.  

Kontakt för frågor

Мариче Тренеска

Epost Hemsida

Initiatören har ännu inte lämnat information om det förväntade resultatet av projektet.

andra projekt från denna organisation