Од предлозите кои се собираа во текот на спроведувањето на работилниците во средните општински училишта во Прилеп, младите алармираат на проблемот со кучињата скитници во Прилеп. Дел од невладините организации во Прилеп работат на тоа со волонтери, но бројот на кучиња скитници на кои им е потребна помош секојдневно се зголемува.
Факт е дека кучињата скитници страдаат по улиците во потрага по храна, но и нападите од кучињата скитници врз локалното население се зголемуваат. Отсуството на механизми кои ќе помогнат за заштита на милениците, но и на обичните кучиња скитници се главните причини за оваа појава. Преку отворање на Шелтер центар со локација надвор од градот, ќе се згрижат сите кучиња скитници од градот, ќе добиваат храна но и целосна медицинска нега. Шелтер центарот ќе служи како сервис на граѓаните од Прилеп посебно за оние граѓани кои не се во можност да се грижат за своите миленици и граѓани кои сакаат да вдомат миленици.
Во насока на поддршка на овој проблем, младите од Прилеп го потенцираа инцидентот кој се случи пред неколку месеци „Во паркот кај судот” кога кучиња скитници ги нападнаа јатото пајки, а настанот остави стресни последици за децата и родителите. Сметаме дека со отворањето на Шелтер центар за згрижување и нега на кучињата трајно би се решил овој проблем.