Поврзување на потребите на младите гласачи и партиските програми.

BP_Gallery_3_Mac_lang.jpg

Поврзување на потребите на младите гласачи и партиските програми

Како да ги охрабрите младите гласачи за првпат да го дадат својот глас? Тоа требаше да се направи итно во пресрет на локалните избори во Прилеп, Македонија. Младите гласачи или не се запознаени со партиските програми или истите не ги исполнуваат нивните очекувања.Со цел да се промовираат демократските вредности кај младите, но и да се известат партиите за тоа кои се потребите на младите гласачи, СЕГА спроведе проект за електронско младинско учество за да се исполни овој предизвик.


ОПИН нуди корисно решение за да се соберат идеите на младите на транспарентен начин и да се испрезентираат пред донесувачите на одлуки и партиите.


Модулот „предизвик за идеја“ овозможува спроведување на процес на младинско учество во две фази: Во првата фаза може да соберете предлози, а во втората фаза може да гласате за најдобрите. На овој начин можете да соберете многу предлози, а потоа да им дадете приоритет на оние за кои што сметате дека им се најбитни на младите. Кога сакате да влијаете врз донесувањето на одлуки, добро е и се исплаќа да имате јасен глас. Рангирањето на собраните предлози им олеснува на донесувачите на одлуки да ги идентификуваат клучните барања.

СЕГА организираше онлајн средби со млади и донесувачи на одлуки со цел да се разговара за клучни теми, како што се младински активизам и младинско учество, образование и спорт, екологија, култура и заштита на животните. Преку групните дискусии се собраа предлози, кои се објавија на ОПИН, за подоцна други млади да можат да ги поддржат поднесените предлози и да додадат нови. Комбинацијата на онлајн работилници и средби со физичко присуство со млади преку учество на ОПИН е одлична идеја за создавање квалитетни идеи и предлози. Покрај тоа, се поканија претставници од партиите за да одговорат на прашања и да дадат повратни информации за одредени идеи и предлози.

Сепак, може да биде тешко да се натераат учесниците да се приклучат на платформа со која не се се уште запознаени. Едно од решенијата може да биде доколку понудите дополнителни онлајн работилници. Преку онлајн работилница може лесно да покажете како се користи платформата и да ги објасните целите на проектот. Комбинирајте ги овие директни интеракции заедно со кампања на социјалните медиуми за да си помогнете да го зголемите влијанието на вашиот проект. Како главен резултат, младите гласачи се вклучија во дискусии со своите врсници, но и со членовите на политичките партии и претставници на општината. Проектот за електронско младинско учество ги мотивираше младите да ги споделат своите идеи, кои беа собрани во сеопфатен документ со препораки. Документот со препораки им беше предаден на донесувачите на одлуки на локално ниво и на политичките партии. Препораките им помогнаа да креираат програми за претстојните локални избори, програми кои ќе бидат според потребите на младите.

BP_Gallery_1_Mac_lang.jpg
BP_Gallery_2_Mac_lang.jpg
BP_Gallery_3_Mac_lang.jpg

Инспирирајте се од СЕГА

СЕГА е национална платформа на младински организации посветена на лобирање за потребните законски измени, како и посветена на поддршка на младинскиот активизам, пристап до информации и учество на младите во активности за решавање на нивните проблеми. Нивната мисија е да продолжат да работат на влијанието на младите што ќе го промени развојот во нивната земја, како и да учествуваат во одлучувањето на национално и локално ниво за прашања кои директно ги засегаат.

Листа на амбасадори

Leila.jpg