Идентификување на потребите на младите со користење на модулот „просторна идеја“.

2_Georgien_quad.jpg

Мапирање на локалните идеи и потреби

На брегот на Црното Море во грузискиот град Кобулети, младинската организација Младински хоризонти го користеше модулот мапирање во рамките на алатката ОПИН за да вклучи млади луѓе од различни села. Целта беше да се вклучат младите луѓе и да дадат свои идеи во уредување на јавниот неискористен простор во градот согласно нивните потреби.

Модулот „бура на идеи“ беше првиот чекор за да се активираат млади од 12 различни села од општината. Преку овој процес тие не само што можеа да ги означат своите идеи на мапата, туку истовремено можеа и да дознааат повеќе за нивната околина. Заедницата на млади врсници се вмрежи преку мапата.Тие споделуваа слични потреби, градеа врски и заеднички ги идентификуваа предизвиците. Резултатите од нивната работа покажаа дека одредени потреби и идеи им се особено важни, вклучително и:

  • Идеи поврзани со еколошки прашања
  • Спортска инфраструктура
  • Водоснабдување
  • Адаптација на инфраструктурата кон потребите на лицата со инвалидитет
  • Побрз интернет

Во Кобулети, различни идеи мапирани од различни локации беа подготвени во еден документ кој подоцна беше доставен до локалната самоуправа. Многу често, донесувачите на одлуки се соочуваат со спорни идеи, посебно кога покануваат учесници од различни заедници, села или градови. Со тоа што на една мапа ќе се постават повеќе предлози, помага да се најде рамнотежа помеѓу повеќето можности. Благодарение на модулот „мапирање“ донесувачите на одлуки имаа можност да истражат потенцијални синергии преку поврзување на повеќе точки на мапата и да донесат заклучок.

Иако можеби не е возможно општината да ги опреми сите села со фитнес центри за краток временски период, но можноста за формирање на барем еден фитнес клуб меѓу неколку села, може да биде прашање кое донесувачите на одлуки би го разгледале. Мапирањето на идеите и потребите на младите е одличен прв чекор во процесот на електонско учество, бидејќи ги изразува потребите на младите и го надоградува локалното знаење и може да биде проследено со подлабинско истражување на поднесените идеи преку други методи.

3-quad-georgien
2- quad-georgien
4-quad.png

david.jpg

Интервју со Давид Џинџихадзе од организацијата Младински Хоризонт

Младински хоризонт е непрофитна и невладина организација со седиште во Грузија.

Запознајте ги нашите амбасадори