завършен

Урбанизирање на просторот околу Прилепското езеро

На барање на младите на Прилеп апелираме да се уреди просторот околу Прилепското езеро и браната, со што би станало подобро место за рекреација.

Времева линия

информация

На барање на младите на Прилеп апелираме да се уреди просторот околу Прилепското езеро и браната, со што би станало подобро место за рекреација.

Ве очекуваме со Ваши предлози и идеи.

Благодаря за участието!

Този проект вече е приключил. Благодаря много на всички за участието в проекта!

Урбанизирање на просторот околу Прилепското езеро

/

Прилепското Езеро е лоцирано во месноста Гладно Поле во непосредна близина на Прилеп. Ваквата географска положба овозможува ова езеро да биде рекреативен центар и туристички мотив. Езерото е изградено на Оревоечка Река во 1967 година и од тогаш се користи за наводнување и како технолошка вода.

Урбанизирањето на просторот околу Прилепското езеро е идеја која егзистира во овие неколку години, но сеуште не е имплементирана. Младите кои учествуваа на едукативните работилници за користење на алатката ОПИН апелираа дека околината околу езерото е простор кој треба да биде уреден и да преставува атрактивен рекреативен центар за локалното население, но и атрактивен туристички центар.

Вештачкото езеро во Прилеп во летната сезона,  секојдневно е посетено од најмалку 50-тина велосипедисти, како и локални граѓани кои одат на излет, спортуваат, пешачат итн. Идеи од младите за уредување на просторот околку Вештачкото езеро во Прилеп се:


  • Обележување на велосипедски патеки и патеки за трчање околку езерото каде младите и граѓаните ќе можат да се рекреираат;  

  • Отварање на тениско игралиште околку вештачкото езеро во Прилеп:

  • Поставување на корпи за отпадоци, клупи, летниковци и друга урбана опрема;

  • Реновирање на хотелот;

  • Да се подобри инфраструктурата / патот до езерото.

Во исто време, со урбанизирањето на просторот околку Вештачкото езеро ќе се подобри и квалитетот на водата во езерото, со што ќе се подобри квалитетот на самата околина.

 

 


други проекти от тази организация