πεπερασμένος

Отварање на 3D кино во Прилеп

По иницијатива на младите апелираме да се отвори 3D кино сала, односно да се модернизира веќе постоечкото кино.

Χρονοδιάγραμμα

πληροφορίες

По иницијатива на младите апелираме да се отвори 3D кино сала, односно да се модернизира веќе постоечкото кино.

Ευχαριστώ που συμμετείχατε!

Αυτό το έργο έχει ήδη τελειώσει. Ευχαριστώ πολύ όλους για τη συμμετοχή σας στο έργο!

Отварање на 3D кино во Прилеп

/

Од предлозите кои се собираа во текот на спроведувањето на работилниците во средните општински училишта во Прилеп младите се изјаснија за потребата за отварање на 3Д кино. 3Д киното во кинематографска пракса, е феномен долго познат во светот. Во 2013 година, во употреба беше пуштено кино „Мис Стоун“ во Прилеп. Киното се наоѓа во рамките на центарот за култура “Марко Цепенков” со капацитет од 130 седишта. Во киното во Прилеп, многу ретко се прикажуваат филмови во 3Д проекција, за кои постои особено голем интерес од граѓаните и младите. Иницијативата од младите е да се отвори ново 3Д кино во Прилеп со цел креирање на место за активна комуникација и социјализација помеѓу младите луѓе. Тоа би било ново место каде тие би ги претставиле нивните заеднички кино интереси и би го одредиле нивниот видик за филмовите.

Во рамките на оваа иницијатива исто така беше дадена предлог иницијатива за отворање на Летно кино во Прилеп, што би резултирало со голем интерес и посетеност од младите и граѓаните во летниот период.

Предлози за можната локација на Летното кино се:


  • амфитетарот во Варош,

  • просторот позади Економскиот факултети и

  • паркот Могила.

Оваа иницијатива може да се реализира со помош на младински организации, спонзорства од локалните бизниси во Прилеп и соработка со Кинотека на Македонија.


άλλα έργα από αυτήν την οργάνωση