finished

Формирање на шелтер центар во Прилеп за згрижување и нега на улични кучиња

Во мометов Прилеп се соочува со проблем со голем број на кучиња скитници.

Timeline

info

Во моментов Прилеп се соочува го проблемот со кучињата скитници. Сведоци сме и на инцидентот кој се случи пред неколку недели во паркот кај судот кога кучиња скитиници ги нападнаа јатото пајки. Сметаме дека со отварањето на Шелтер центар за згрижување и нега на кучињата трајно би се решил овој проблем. Споделувајте, лајкувајте или споделете ја вашата идеа тука.

Thanks for participating!

This project is already over. Thanks a lot to everyone for taking part in the project!

Фаза на гласање за иницијативата.

Во оваа фаза ќе имате можност да гласате за најдобрите идеи дадени од младите во врска со шелтер центарот.

Од предлозите кои се собираа во текот на спроведувањето на работилниците во средните општински училишта во Прилеп, младите алармираат на проблемот со кучињата скитници во Прилеп. Дел од невладините организации во Прилеп работат на тоа со волонтери, но бројот на кучиња скитници на кои им е потребна помош секојдневно се зголемува.

Факт е дека кучињата скитници страдаат по улиците во потрага по храна, но и нападите од кучињата скитници врз локалното население се зголемуваат. Отсуството на механизми кои ќе помогнат за заштита на милениците, но и на обичните кучиња скитници се главните причини за оваа појава. Преку отворање на Шелтер центар со локација надвор од градот, ќе се згрижат сите кучиња скитници од градот, ќе добиваат храна но и целосна медицинска нега. Шелтер центарот ќе служи како сервис на граѓаните од Прилеп посебно за оние граѓани кои не се во можност да се грижат за своите миленици и граѓани кои сакаат да вдомат миленици.

Во насока на поддршка на овој проблем, младите од Прилеп го потенцираа инцидентот кој се случи пред неколку месеци „Во паркот кај судот” кога кучиња скитници ги нападнаа јатото пајки, а настанот остави стресни последици за децата и родителите. Сметаме дека со отворањето на Шелтер центар за згрижување и нега на кучињата трајно би се решил овој проблем.


other projects from this organisation