завршен

Младински Културен Центар / Дом на Млади

Изградба на Младински Културен Центар или Дом на Млади кој ќе биде наменет за афирмација на младите во Прилеп

Временска рамка

информации

Изградба на Младински Културен Центар или Дом на Млади кој ќе биде наменет за афирмација на младите во Прилеп со тоа што ќе имаа простории за музички настани (концерти), ликовни галерии, филмски проекции, кафе - бар, едукативни семинари и дополнително простории за организации за млади каде што младите од Прилеп ќе имаат можност да волонтираат или вработат

Ви благодариме на учеството!

Овој проект е веќе завршен. Ви благодариме на сите што бевте дел од овој проект!

Младински Културен Центар / Дом на Млади

/

Не се пронајдени предлози

Во Прилеп има голем број на талентирани млади од различни културни области кои немаат можност каде да се промовираат, да творат и да имаат професионална поддршка. За таа цел младите од Прилеп иницираат да се отвори Младински културен центар – Дом на млади како место каде квалитетно ќе го поминуваат своето слободно време, ќе раменуваат идеи, ќе посетуваат работилници на различни теми корисни за нив и ќе можат слободно да се изразуваат и др.

Младинскиот Културен Центар или Дом на Млади во Прилеп ќе биде наменет за афирмација на талентираните млади со тоа што ќе има простории за музички настани (концерти), ликовни галерии, сала за филмски проекции, кафе - бар, место за одржување на едукативни семинари, работилници и предавања на различни теми за млади, дебатни клубови и дополнително простории за организации за млади каде што младите од Прилеп ќе имаат можност да волонтираат и да се вклучат во разни проекти.

Главна цел на Домот за млади ќе биде промоција на културните вредности, но истовремено ќе претставува најважната точка за дружење, размена на идеи, место за слободно изразување на младите таленти од Прилеп.

Младинскиот културен центар ќе продуцира, стимулира и промовира современи културни настани и дела од различни домашни и меѓународни креатори, но и ќе го поттикне создавањето врски помеѓу нив. Во сопствената годишна програма ќе вклучува организација на голем број изложби, театарски претстави, промоции, работилници, концерти, дебати, како и филмски проекции и ќе работи како сервис на невладините организации и индивидуални уметници од Прилеп.

Предлог локации за Младинскиот културен центар се:


  • Центарот за култура Марко Цепенков и пренамена на просториите со кои располага истиот;

  • Објектот на старата фабрика „Мукос“ (позади зградата на Матично).


други проекти од оваа организација